Хравтскиот вицепремиер и лидер на блокот Мост на независни листи (Мост), Божо Петров изјави дека првиот човек на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко повеќе не може да биде член на Владата на Хравтска и нејзин прв потпретседател.

– На телефонска седница в петок Владата ќе се изјасни по барањето на група пратеници за смена на Томислав Карамарко. Министрите од Мост ќе го поддржат предлогот за негово разрешување, изјави денеска Петров за весникот „Јутарњи Лист“.

132509151

Петров изјави дека раководството на Мост ја донело ова одлука уште во понеделникот и за тоа го известил Карамарко, по што, како што рече, му бил даден рок од 48 часа самиот да поднесе оставка.

– Мост во Саборот нема да го поддржи првиот потпретседател. Ако тој самиот не поднесе оставка пратениците на Мост ќе гласаат за негово разрешување, истакна Петров.

Иницијативата за смена на Карамарко ја покрена опозициската Социјалдемократска партија (СДП). Доколу партениците на Мост ја поддржата оваа иницијатива, опозицијата ќе обезбеди доволен број гласови за разрешување на Карамарко.

Хрватските медиуми оценуваат дека разршеувањето на Карамарко со поддршка на Мост ќе го одведе во прашање опстојувањето на владината коалиција што ја сочинуваат оваа партија и блокот предводен од ХДЗ./МИА

Слични содржини