Американскиот милијардер Доналд Трамп освои убедлива победа на внатрепартиските избори на републиканците во државата Индијана. Конечните резултати од гласањето се уште не се објавени, но победата на Трамп се потврдува од сите водечки медиуми во земјата. Во исто време главен конкурент на Трамп во предизборната кампања, сенаторот од Тексас, Тед Круз го призна поразот и најави дека се повлекува од трката за претседателската функција. Така милијардерот, според едногласното признание на локалните политиколози, си обезбеди номинацијата на Републиканската партија за кандидат за претседател на САД.4797617 (1)Во Индијана треба да бидат распределени гласовите на 57 делегати на конгресот на Републиканската партија во Кивланд, Охајо, кој ќе се одржи од 18 до 21 јули. На него ќе се одлучи кој ќе биде официјален кандидат на партијата за претседателските избори во ноември. Обработка на гласовите уште не е завршена, но по првичните проценки, Трамп добил повеќе од 53% од гласовите, обезбедувајќи си го првото место. Втор е Круз со околу 37% од гласовите, следен од гувернерот на Охајо, Џон Кејсик со 7.6% од гласовите.

Трамп изрази уверување дека на изборите на 8 ноември ќе победи поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, која се очекува да биде номинирана за кандидат на Демократската партија. Клинтон сепак не успеавме да извојува убедлива победа, како Трамп, на првичните избори во Индијана. Нејзиниот главен ривал од демократите – сенаторот од Вермонт Берни Сандерс поведе на изборите во таа држава. По обработка на 70% од гласовите, тој зема 53,3% од избирачите-демократи, а Клинтон – 46,7%.

клинт Во пресрет на изборите во Индијана, анкетите покажуваа дека Клинтон е поддржана со околу 7% повеќе гласачи отколку Сандерс. Во Индијана борбата е за гласовите на 92 делегати на конгресот на кој ќе биде официјално номиниран кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД.

Во моментов Клинтон добива поддршка од 2165 делегати на идниот форум, а Сандерс – само 1357. За да си обезбеди номинацијата за претседателски кандидат на националниот конгрес, кандидат е потребно да ја има поддршката на 2383 од 4764 делегати.

Слични содржини