Почина легендарниот разузнавач од КГБ и творец на специјалците “Вимпел” Јуриј Дроздов

од desk3

Почина началникот на советското нелегално разузнавање на КГБ на СССР, основачот на единицата на специјалните единици “Вимпел” Јуриј Дроздов, соопшти Службата за надворешно разузнавање на Русија. Дроздов почина на 92 години.   “На 21 јуни 2017 година не напушти легендарниот началник на Татковинското нелегално разузнавање, ветеран од Големата патриотска војна генерал – мајор во пензија Јуриј Иванович Дроздов”, изјавија од прес-службата. Дроздов е роден  на 19 септември 1925 година во Минск. Во 1979 година е назначен на должноста началник на нелегалното разузнавање. Таму останал до 1991 година.   Ветеранот од специјалните единици “Вимпел” Лев Королков раскажа дека работел под власта на Дроздов. Според него, тој бил вистински професионалец, одличен шеф, кој се грижел за своите потчинети. ” Како секој човек кој преживеал војна, тој ја знаеше цената на животот, вклучувајќи ја и онаа на своите потчинети. Беше извонреден раководител, вистински патриот на нашата земја “, раскажа Королков. Королков истакна дека Дроздов работел до крајот на животот.  Според него, како Дроздов нема меѓу денешните стручњаци.

Слични содржини