Починала 45-годишна затвореничка во Идризово

од desk2

Четириесет и петгодишна затвореничка од Струмица починала во затворот Идризово, откако ѝ се слошило, по што била повикана брза помош, затоа што попладне и ноќе, во затворот нема дежурен лекар. Лекарите од итната помош констатирале смрт, јави 24 Вести.

Од јануари до сега, ова е шестото осудено лице кое починало во најголемиот затвор во Македонија.

Народниот правобранител Иџет Мемети има покренато постапки за сите смртни случаи од почетокот на годинава. Тој тврди дека затворениците овде умираат поради лошата здравствена заштита.

Починатата жена била осудена на осумгодишна затворска казна за посредување во проституција на малолетни лица. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а обвинител извршил увид на самото место.

Слични содржини