Објектот е под контрола на курдски воени формациибомб

Турската артилерија отворила оган по воена авиобаза на територијата на Сирија, која е под контрола на курдски воени формации, соопшти Телевизискиот канал “Ал-Мајдин”.Веста беше потврдена и од очевидци кои се наоѓаат во реонот на Алепо, кои закачија и слики од бомбардирањето на интернет. Воениот аеродром кој сега  е “поминат” од турската артилерија, беше под контрола на групата “Џабхат ан-Нусра”, прогласена од ОН за терористичка, а потоа освоен од Курдите потпомогнарти од Асад и руските сили. Овој објект е стратешки важен, бидејќи е лоциран на владина рута кон турско-сириската граница. Пред неколку дена курдски воени сили  фо зедоа со освојувањето воената база и  ги исфрлија оттаму терористите. Очекувано сега Турција ќе ги чисти Курдите правдајќи се дека се терористи.

Слични содржини