МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ  -8 Маврово, Лазарополе, -6 Крушево, -5 Пожар, Берово, -4 Тополчани, Пожаране, Претор, Кр. Паланка, Охрид, -3 Битола, Тетово, Прилеп, -2 Д. Капија, Штип, Ѓуриште, Виница, -1 Струмица, 0 Куманово, 1 Скопје, 2 Дојран, 4 Гевгелија.

studeno

ВРЕМЕТО УТРОВО   Претежно ведро и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС    Сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 °C. Попладне во северните делови облачноста ќе се зголеми, а ветерот ќе стивнува.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста малку ќе се зголеми, а ветерот ќе стивнува. Температурата во Скопската котлина ќе биде до 9 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ     За време на викендот ќе преовладува претежно сончево време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Во сабота, особено вдолж Повардарието, се уште ќе дува повремено умерен северен ветер. Од почетокот на наредната недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневните температури во текот на работната недела ќе бидат во постепено опаѓање.

Слични содржини