Индиции покажуваат нема врска со Исламската држава, објавија истражните

Засега сите индиции водат кон дело во  недефинирана или  состојба на АМОК . Нема врска со Исламската држава. Нема врска со бегалците. Ова го изјави шефот на полицијата во Минхен Хубертус Андре на прес-конференција, дадена  денеска во 14,30 .

“Сакам да кажам три важни работи. Прво: нема никаква врска со бегалската криза.

Второ: нема врска и со Исламска држава.

И трето, нема причина да не го посетувате Минхен,  и да се укинат настани или да не се пазарува  и шета.”, ја започна пресконференцијата тој.

Станува збор за 18-годишен ученик. Родителите му биле Иранци, тој е роден и израснат во Минхен.Според “Шпигел онлајн” името му е Давид С. Во домот на ученикот се пронајдени многу статии од весници и материјали за темата амок(состојба на психичко растројство). Запленети е и книгата “Амок во главата – зошто ученикот  убиваат”. Во моментов се испитува содржината на компјутерот и телефонот . Тој се занимавал долго и интензивно со темата.”Нема никакви траги кои зборуваат за политички мотивиран напад, остануваме во контакт со генералната обвинителство, кое се вклучува при терористички напади, но засега таа само следи”, рекоа инспекторите.0A3909CB-4ACE-45A7-A08B-E3509A80DEC2_cx0_cy3_cw0_w987_r1_s_r1 (1)

Младичот носел пиштол со избришани броеви, односно јавно купен на црно . Во ранец имал над 300 куршуми. Каде се здобил со оружјето се уште се истражува, рекоа полицајците.Тој загинал од една рана во главата, што покажува за самоубиство, посочија уште властите.

Обвинителот Томас Шајнкраус-Кох објави дека младичот имал болест од кругот на депресивните состојби, но тоа уште се испитува.

ВО  кошмарната  ноќ има – 10 убиени, вклучувајќи го  и напаѓачот, 27 повредени вкупно, од нив 10 потешко. Едно 13-годишно момче е во животна опасност. Убиените се на возраст меѓу 14 и 21 години. Повредени има и во  паниката  при евакуација на различни јавни згради, затоа бројката е 27.

Слични содржини