Возачи на камиони од Бугарија почнуваат да се ориентираат кон промена на маршрутата за Грција, поради континуираниот штрајк на грчките земјоделци и ескалација на тензиите на граничниот премин Кулата-Промахон. “Добив информација дека дел од возачите на товарни камиони се насочени кон граничниот премин Ѓуешево, и од Македонија да се обидат да влезат во Грција, за да ја избегнат блокадата на Кулата”, рече гувернерот на Ќустендил Виктор Јанев.

Image_5289841_126
На автопат “Струма” во реонот на патниот јазол “Бобошево” вчера попладне полицијата започна да запира камиони, а колоната била околу километар. Сега сепак ситуацијата е мирна и нема чекање. Сообраќајната полиција почнала да ги запира уште во реонот на Перник.

Сеуште се малку возачите кои избираат да пробуваат да влезат во Грција преку Македонија, бидејќи немаат последна информации дали македонско-грчките гранични премини се отворени.

Слични содржини