Македонскиот селектор Бошко Ѓуровски се соочува со сериозни проблеми пред квалификацискиот натпревар со Белорусија, закажан за в петок, бидејжио денеска пристигна информацијата дека фудаблерот на Муангтонг, Марио Ѓуровски поради повреда отпаѓа од комбинација за настап на овој дуел.


Местото на Милко во најавениот состав на нашиот селектор ќе го заземе Душко Трајчевски од екипата на Работнички, но за главоболките да бидат поголеми за Ѓуровски се погрижи и Аријан Адеми.
Фудбалерот на Динамо Загреб заработил повреда за време на последниот натпревар на Б составот на хрватскиот шампион, но за официјална информација околу неговото отсуство ќе треба да се почека на деталните лекарски прегледи кои ќе бидат направени оваа вечер. Од ФФМ информираат дека се уште нема никаков повратен одоговор од ФИФА за потребниот сертификат на Урош Матиќ, што значи дека шансите се повеќе од минимални српскиот интернационалец да дебитира на натпреварот против Белорусија.

Слични содржини