Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека договорот постигнат вчера во Минск, даваат надеж за политичко решавање на конфликтот во Донбас, сепак тој не е убеден дека тој ќе биде исполнет.

Ukrainian parliament rejects premier's resignation

“Успеавме да дојдеме до договор кој дава надеж дека настаните во Донбас конечно ќе преминат во фазата на политичките одлуки. Посакувам никој да не чува илузии и дека нема да се покаже наивник – мирот е сеуште далеку и никој нема цврста увереност дека условите на примирјето, кои беа потпишани во Минск, ќе бидат исполнети “, изјавил Порошенко, цитиран од РИА” Новости “.

Во меѓувреме украинскиот премиер Арсениј Јаценјук изјави во интервју за CNN дека клучен услов во договореното од Минск е заострување на контролата на границата меѓу Украина и Русија и враќање на контролата над териториите кои сега се владеат од Донецката и Луганската народна република.

“Враќање на целосна контрола на границата меѓу Украина и Русија – тоа е клучен услов. Но нашата цел е да вратиме контрола над Донецк и Луганск, да ја повратиме украинската власт во сите региони, вклучувајќи и во оние кои се наоѓаат привремено под контрола на силите предводени од Русија “, коментирал Јаценјук.

Тој истакна дека Украина не верува на никакви зборови, ниту на договори на книга со Русија.

Слични содржини