Претседателот на Украина, Петро Порошенко, денеска изјави дека Киев е подготвен да воведе вонредна состојба во земјата ако судирите на истокот на Украина и понатаму продолжат.

porosenko-pretsedatel

Говорејќи во пресрет на средбата со лидирите на Франција, Германија и на Русија во Минск, Порошенко рече дека клучната позиција на Киев во разговорите ќе биде насочена кон постигнување безусловен прекин на огнот, но истакна дека Украина е воено подготвена да се брани ако треба.

– Јас, владата и парламентот сме подготвени да ја спроведеме одлуката за воведување вонредна состојба на сите територии на Украина. Ние сме за мир…, но нашата земја треба да биде одбранета и до крај ќе работиме на тоа – рече Порошенко.

Слични содржини