download (5)

Со Законот за земјоделство и рурален развој  се уредуваат планирањето на развојот на земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика, планирање, следење и процена на националната земјоделска политика, партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, мерките за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и рурален развој, државната помош во земјоделството и руралниот развој, формите на организирање и здружување во земјоделството и контролата на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето.

Состојбата во земјоделското производство наметнува потреба од воведување на субвенционирано гориво за обработка на земјоделските површини со што ќе се овозможи земјоделците да имаат конкурентно земјоделско производство, анализира Правдико.мк

Скапите репроматеријали (семе, ѓубрива, заштитни средства) ниските откупни цени, нередовната исплата на субвенциите како и сѐ уште неплатените земјоделски производи, ги доведува до незавидна ситуација земјоделските производители.

Гориво е една од најголемите причини за неконкурентноста на македонските земјоделски производи наспроти производите од увоз, бидејќи владите на земјите од регионот како и на земјите од ЕУ ја спроведуваат оваа мерка која предвидува 50% субвенционирано гориво. Целта на воведување на оваа мерка е да им се помогне на земјоделските производители во времето кога ги обработуваат земјоделските поршини, поточно тогаш кога трошоците за набавка на репроматеријали се најголеми и кога вушност им е најпотребна помош од државата.

Повеќе информации, заедно со предлог измените може да ги најдете овде.

Слични содржини