Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Премиера во сабота“  во режија на Коле Ангеловски.

FOTO-360-

Текстот, според режисерот Ангеловски, е продолжение на претходната претстава „Три во едно“.

– И во овој текст станува збор за три различни приказни. Сега дејството се одвива во театар и почнува 10 дена пред премиерата. Дејството се однесува на се што се случува пред премиерата – има проби, се измислуваат сцени, сценографијата не е готова, нема стигнато пари за претставата.  И се завршува со премиерата. Не случајно насловот на претставата е „Премиера во сабота“. Учествуваат 17 актери кои играат и пеат и ова е уште една урнебесна комедија на ситуации, вели Ангеловски.

Костимите и сценографијата во претставата се на Илина Ангеловска, музиката е на Томе Темелкоски, а за кореографијата се погрижи Кире Миладиноски. Министерството за култура финансиски ја поддржа претставата „Премиера во сабота“.

Оваа премиера во прилепскиот театар е своевидна најава на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што ќе се одржи во Прилеп од 12 до 19 јуни.

Слични содржини