Премиерот Никола Груевски денеска отпатува  на итна средба за Вашингтон. Kако што стои во владината протоколарна најава , Груевски , ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден. Се наведува дека главни теми ќе бидат продлабочувањето на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија. грујцо

Сепак за дипломатската  и експертска јавност, ова не е ниту пријателска редовна ниту економска билатерала туку итна и конкретна средба на која до премиерот ќе бидат испорачани конкретни барања.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, патем провладин редовен гласноговорник посетата ја нарече и „Преки суд за Груевски“ и нималку лесна и едоставна работа.

 Никовски го советува Груевски како да се понесе пред Американците, пред, како што го нарекува „каубоецот“ Бајден кој го викал за, според Никовски, „да му држи лекции“.

-Трето, и најглавно, откако виде дека нема друга алтернатива, Вашингтон сега се обидува да го спаси возможното. Преку уцени и закани, за што изгледа е природно надарен, Бајден ќе се обиде да се пазари со Груевски. За да се дојде до тоа, премиерот ќе мора да го издржи првичниот цунами, со стамена одбрана на фундаменталните интереси на оваа држава и народ. Значи, сепак, имаме шанса која мора да се искористи на прав начин.

Откако ќе помине првата бура, без каков било непотребен респект, премиерот мора да премине во одлучна контра офанзива. На Бајден мора што поуверливо да му се објасни која е МАкедонија, пишува за мкд.мк Никовски

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески во својата колумна за Плусинфо  коментира дека  со оглед на кризата на демократијата во Македонија и задачите на Специјалното обвинителство, никој во Вашингтон не е заинтересиран да ги зајакнува изборните шанси на македонскиот премиер на наредните избори.

Напротив, би биле сосема среќни тој да се повлече од политиката. Поверојатно е дека причината за итниот повик до македонскиот премиер на состанок во Белата куќа со американскиот потпретседател, ќе биде инсистирањето правдата да си го земе својот тек, да се рехабилитира демократскиот систем и да се расчисти политичката магла, пред воопшто да се одржат избори.

Затоа, посетата, спротивно на дипломатската логика, е своевиден доказ дека работите не се одвиваат најдобро во земјава и дека Америка е загрижена за мирната транзиција кон демократија. Конечно, не еднаш е напишано и не еднаш се потврдило и во праксата на многу земји, дека најопасни моменти за една држава се времињата на промена на еден авторитарен систем. Во таквите времиња, може се да се очекува анализра Малески

Ова е втора средба на Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба беше во февруари 2011 година.

Слични содржини