Приходите од продажба на „Реплек“ во 2015 година паднале за 355 милиони денари во однос на 2014 година откако фирмата го изгуби бизнисот со снабдување со инсулин за македонските дијабетичари што ги снабдува Министерството за здравство.

timthumb (1)

„Реплек“, изгубил 84 отсто до приходите од продажба лани во споредба со 2014 година, покажуваат официјалните неконсолидирани резултати на таа компанија објавени на нашата берза деновиве. Ова значи дека „Реплек“ не успеал да се опорави од инсулинскиот шок што го доживеа во втората половина на 2014 година кога му истече договорот за снабдување со инсулин на дијабетичари државни осигуреници на Фондот за ПИОМ и на Министерството за здравство.

Слични содржини