Уапсени се двајца мажи, за кои се смета дека биле поврзани со денешните терористички напади во белгиската престолнина Брисел, пишува The Daily Mail, цитиран од агенцијата “Фокус”.

Белгиската полиција ги уапсила утрово пред северната железничка станица на Брисел, која е на неколку стотини метри од метро станица “Малбек”.

Image_5381502_407

Во моментов полицијата трага по уште екстремисти, во случај да подготвуваат нови терористички напади. На улиците на Брисел патролираат тимови на специјалните служби.

Според природата на повредите добиени во експлозијата на бриселскиот аеродром, се покажува дека бомбата може да била скриена во багаж, кој бил на подот. Според податоците на локалните медиуми, голем дел од повредените во експлозијата се со повреди на нозете. “Помагав во носењето на пет тела, нозете им беа многу оштетени, сеедно бомбата експлодирала во еден од багажот”, соопштува РИА “Новости”, повикувајќи се на вработен во службата за преглед на багажот .

Слични содржини