Професии кои најмногу водат љубов и се одлични во тоа

од desk4

Aко вашиот сексуален живот во последно време страда, можеби за падот на либидото можете да го обвините вашето работно место.

Британски истражувачи во една анкета спроведена над 2000 жени и мажи за квалитетот и зачестеноста на сексот ги прашувале со која професија се занимаваат. Резултатите покажале дека во кревет најзадоволни се фармерите. Имено 33%  од нив признале дека имаат односи најмалку еднаш дневно. По нив се архитектите од кои 21% практикуваат секс секој ден, па фризерите со 17%.
Изгледа дека зачестеноста на водењето љубов и тоа како им се исплати, па така дури 67% од фармерите се сметаат за одлични во кревет. На дното од скалата се најдоа новинарите. Дури петтина од нив има секс само еднаш месечно. Адвокатите изгледа најтешко можат да бидат задоволени, бидејќи во оваа професија 27% од испитаниците признаваат дека глумат оргазам при секој сексуален однос.
Според стручњаците нивото активности на работното место може да влијае на кондицијата и енергијата, па не е чудно што физичките работници, како фармерите, имаат повеќе волја и желба за сексуални активности од луѓето кои цел ден го минуваат во канцеларија.

Професии кои имаат најмногу секс
1 . Фармери
2. Архитекти
3. Фризери
4. Стручњаци за комуникации
5. Адвокати и наставници

Професии кои се одлични во кревет
1. Фармери
2. Лекари
3. Архитекти
4. Физички работници
5. Стручњаци за комуникации

 

Слични содржини