Промовирина книга со еротскa народна проза и поезија од Иван Коте

од Vladimir Zorba

 Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше промовирана книгата „Играле моми по месечина“ од Иван Котев, еден од ретките доследни и долгогодишни собирачи на богатствата од македонското народно творештво.

Станува збор за збирка на македонски народни умотворби со еротски мотиви на 160 страници, која содржи  87 песни, 16 анегдоти, 11 народни приказни и стотици пословици и поговорки.

– Скоро половина век Иван Котев ги снима, запишува и дешифрира еротските анегдоти, песни и приказни и притоа мошне успешно го мотивира информаторот да каже уште нешто. Импонира желбата на информаторот доследно да го пренесе тоа што го знае без да скратува од самата песна, приказна или анегдота, рече промоторката на книгата д-р Ана Витанова-Рингачева, додавајќи дека книгата е голем влог во македонската фолклористика.

Авторот Иван Котев, кој досега има објавено повеќе книги од областа на народното творештво и фолклорот, истакна дека сите песни, приказни и анегдоти лично ги собирал.

– Некои се запишани на рака, некои се снимени на магнетофон и сите снимки се наоѓаат во мојата фонотека. Песните кај кои не е запишан изворот се запишувани во еден подолг временски период, скоро половина век, истакна Котев.

Песни и текстови од книгата читаше поетесата Сузана Мицева, а промоцијата ја водеше Ѓорѓи Калајџиев./МИА

Слични содржини