Протести народни,  граѓански, студентски, средношколски веќе и се случуваат на Македонија. Ова не само што не запира туку се шири и по Скопје, по Битола, Прилеп сега Кавадарци , Струмица, Куманово … Владината машинерија е изненадена и исплашена и најверојатно следниот нејзин потег ќе бидат контра- протести.

0,,18430980_303,00

 

Ако провокација им е последниот пред владата,  тогаш тие би излегле во функција да ја бранат полицијата или да бидат полиција? Против кого? Многу нејаснотии, но лидерот на ВМРО ДПМНЕ индиректно  ги повика и ги  промовираше контра- протестите, како и судири  на граѓани и граѓани. Нели, познато е веќе сѐ тоа по неговиот вокабулар, тој  слушнал од некаде, нешто како дознал,  ама не е убаво, демек се прават списоци и пак тој не е упатен…. По негова логика пак тој  ќе е невин како со Нешковски,  а виновни ќе бидат контра протестантите што ќе се тепаат со своите сограѓани и ќе бидат партиска полиција и ќе прават ред , по свое, и тој можеби и ќе биде на некое роад шоу по инвестиции.

На социјалните мрежи се коментираат изјавите  на Груевски дефинирани како закана од Груевски и намера да  се прават  контра-протести со цел да го судри народот.Некои напишаа дека е точно дека се направени списоците и има наредба сите членови кои добиле пораки од партијата задолжително да излезат на контра-протести.

Еве ја изјавата за Сител на Никола Груевски:

 

„Постојано добивам пораки со револт, зошто не дејствуваме пожестоко, зошто не се организираме вака или онака. Дури слушам почнале да се самоорганизираат, да прават списоци и така натаму. Тоа не треба да се прави, треба да се биде смирен, мудар, разумен, да не се влезе во играта на Зоран Заев, кој сака да го закрви народот и насилнички да освои власт – изјави премиерот Никола Груевски во интервју на Сител телевизија запрашан за протестот на 17 мај.

0,,18317510_403,00

Повеќе медиуми  вчера објавија допис од Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, во кој, од претседателите на месните комитети се бара „да најдат луѓе од најголема доверба, кои ќе формираат екипи што ќе бидат достапни на располагање 24 часа, за организирање контра-протести во секое време и на секое место“. Списоците со тие лице треба лично и тајно да се достават во ОК, пренесе  DW.

Според аналитичарите, не е тешко да се прогнозира дека ако се реализира такво сценарио, земјата многу брзо може да биде втурната во граѓанска војна.

Функционери од ВМРО-ДПМНЕ не се достапни за разговор на оваа тема. Партиски членови велат дека „штабовите навистина работат турбо“, дека „сигурно се подготвуваат некакви активности“, но тврдат дека до сега до нив не стигнале конкретни инструкции.

„Можеби е рано. Според досегашното искуство, со цел да не ‘протече’ планот во јавноста, нас, ‘обичните членови’ вообичаено нѐ информираат 24 часа пред одредена активност“, вели член на ВМРО-ДПМНЕ за DW.

 

Слични содржини