Понатаму, се наметнува и новата ситуација  по потпишувањето на договорот од Пржино, со кој се предвидува назначување на специјален обвинител кој ќе треба да ја расчисти целата афера со прислушувањето, меѓу дригото и со „Пуч“

Од адвокатскиот тим на четвртообвинетиот Заев, неофицијално велат дека очекуваат одложување поради постигнатиот политички договор, но и да не се случи тоа, Заев  нема да се појави во судница. Ако Судот не го одложи рочиштетото, тогаш одбраната ќе поднесе официјално барање за одложување.

-Дел од обвинетите и адвокатите поради летните одмори не ги примиле поканите за утрешниот претрес. Тие не се очекува да дојдат во судница и судењето ќе мора да се одложи- потенцира судски извор  за Нова.

Судењето е закажано за во 10 часот, а ќе судат судиите Љубинка Башеска и Ивица Стефановски.

23777golemaВо меѓувреме, со одлука на Кривичниот совет, притворот е укинат и за Соња Верушевска и Бранко Палифров, обвинети дека му помогнале на Верушевски во шпионажата или на Заев во вршење на притисок врз највисоките државни функционери да прифатат одржување на избори надвор од предвидените рокови.

Во притвор остануваат само Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски обвинети за „шпионажа„ и за „неовластено прислушување“.

Првообвинет е екс разузнавачот Зоран Верушевски.  И неговиот адвокат Ангеле Илиевски за 24 Вести вели дека очекува предметот засега да остане во фиока се додека не се реализира договореното меѓу лидерската четворка околу изборот на специјален јавен обвинител.

Главен доказ се  снимките кои јавноста веќе ги виде, а се тајна во постапката. До денес остана енигма како разговорот снимен во кабинетот на премиерот Груевски стигна во јавност.

Сепак советот за оценка на обвинителен акт утврдил дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични и има докази за нив.