Сирискиот претседател Башар Асад го уверил во телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин дека неговата влада е подготвена да помогне за спроведување на договореното примирје за Сирија, што треба да стапи на сила во саботата, јави “Ројтерс”.

RTR1SRON-putin-phone-4x3

Путин изјави дека во моментот договореното примирје од САД и Русија е вистинска чекор кон запирање на крвопролевањата и пример за сузбивање на тероризмот.

За денеска рускиот претседател планира да одржи неколку телефонски разговори во врска со сириското прашање, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од РБК.

Малку потоа о, руските агенции раширија информации дека Путин разговарал со кралот на Саудиска Арабија Салман ибн Абдул Азиз ал Сауд. Тој ги поздравил постигнатите договори и изрази подготвеност за заеднички активности со Русија за нивното спроведување, информира прес-службата на Кремљ, цитирана од агенциите.

Човечноста е мртва!

“Договорот беше контактите по прашањето да продолжат”, се вели во пораката.

Дипломатските шатлови на Кремљ продолжија и со разговорот со иранскиот претседател Хасан Рохани. Според Песков подоцна денес Путин ќе се поврзе и со земјите – постојани членки во Советот за безбедност на ОН.

Во понеделникот Москва и Вашингтон објавија дека се договориле запирање на воените дејствија во Сирија, а договорот треба да стапи на сила од полноќ на 27 февруари (сабота). Тоа не ги вклучува ударите против “Исламска држава”, “Џебхат ал Нусра” и други терористички групи.

По повод објавувањето на весникот “Волстрит џурнал” дека САД размислуваат за план Б при неуспех на иницијативата, Песков коментира дека напорите на Москва се концентрирани во план А.

Слични содржини