Русија и САД се должни да соработуваат без разлика кој ќе стане американски претседател по изборите во 2016 година, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за програмата “Вијести во саботата” на руската телевизија.

0727916001381410316_468351_600x458_actualno

Ќе работиме со секој шеф на американската држава, кого ќе го избере американскиот народ, рече Путин. Ние соработуваме не со конкретно физичко лице, соработуваме со земјата, со една голема и многу влијателна земја во светот, додаде тој.

Рускиот претседател призна дека односите меѓу Русија и САД се комплицирани. Имаме несогласувања во голем број области: во областа на безбедноста,едностраното излегувањето на САД од системот за ПРО, разминување за некои прашања на меѓународниот поредок, набројуваше тој.

Според Путин, сепак кај двете страни постои нешто што ги обединува, што ги тера да работат заедно: неширење на оружјето за масовно уништување, борбата против меѓународниот тероризам, со криминалот, со сиромаштијата на планетата, а исто и заедничките напори светската економија да стане подемократска и балансирана, а светскиот поредок – подемократски
.
Имаме заедничка агенда и ние сме подготвени да работиме со секој претседател кој ќе биде избран, истакна Путин.

Слични содржини