Турција се снабдува со нафта од освоените од терористите територии. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Нападот против рускиот ловец Су-24 е нож во грбот, кој е нанесен на Русија од помошниците на терористите.

путин5

“На друг начин не можам да го дефинирам она што се случи”, рече рускиот лидер и прецизира дека рускиот ловец бил соборен над територијата на Сирија од ракета “воздух-воздух”, истрелана од турски борбен авион Ф-16. Рускиот воен авион летал на височина од 6000 метри и бил на растојание од 1 км од турската граница.
Претседателот Путин истакна дека соборениот руски воен авион од турските воздухопловни сили не ѝ се заканувал Турција.

Вонреднo: НАТО свика итна седница поради соборениот руски авион!

“Во секој случај, со нашиот авион на никаков начин не сме ѝ се заканувале на Турција. Тоа е очигледно. Ние спроведувавме операција против терористите од “Исламска држава”, рече господарот на Кремљ, цитиран од агенциите.

Тој истакна дека рускиот воен авион дејствувал во планинскиот дел на северна Латакија, “каде што се концентрирани борци кои по потекло се од Русија”. “И во таа смисла пилотите ја извршувале својата главна задача”, рече уште Путин, додавајаќи дека станува збор за превентивни напади врз терористите кои во секој момент можат да се вратат во Русија.

Нападот против Су-24 ќе има трагични последици за руско-турските односи, предупреди Путин.

“Ние внимателно ќе анализираме сè што се случило. Денешните трагични настани ќе имаат сериозни последици за руско-турските односи “, рече тој. Путин истакна дека Русија секогаш се однесувал спрема Турција не само како кон близок сосед, туку и како кон пријателска држава.

“Не знам на кого му беше потребно она што беше извршено денес. Во секој случај не на нас “, заклучи рускиот претседател.

Фактот дека Турција се обрати кон НАТО по нападот на турските воздухопловни сили против рускиот Су-24, кој учествува во борбата против терористите во Сирија, изгледа како обид да се стави Северноатлантскиот сојуз во служба на терористите, рече рускиот претседател.

Тој истакна дека по инцидентот со бомбардерот “наместо веднаш да се воспостави контакт со нас, колку што ни е познато, турската страна се обратила кон своите партнери од НАТО за да разговараат за ова прашање”. “Како ние да сме симнале турски авион, а не тие наш “, ја изрази својата збунетост Путин.

Русија нема да трпи такви злосторства како нападот врз рускиот Су-24. “Разбирам дека секоја земја има свои регионални интереси и ние секогаш сме се однесувале кон нив со почит. Но, ние никогаш нема да трпиме да се вршат такви дела како денешното “, додаде рускиот претседател.

Тој се надева дека меѓународната заедница, сепак, ќе најде во себе сили за да се вклучи во борбата со општото зло – тероризмот.

Слични содржини