Рајан Гослинг ја подели публиката: за дел е благодарен сопруг, за дел е шовинист

од Vladimir Zorba

Рајан Гослинг, Ема Стоун и нивниот филм-мјузикл “Ла Ла Ленд” триумфираа на овогодинешните награди “Златен глобус”.

И двете ѕвезди направија многу емоционални изјави, примајќи ги наградите за најдобар актер и актерка.

Вкупно лентата “Ла Ла Ленд”, која беше фаворит и во номинациите, зеде цели седум награди, освен во најпрестижните актерски категории, за екипата на мјузиклот отидоа статуетка за најдобар филм – комедија или мјузикл, за режисер (Дамјан Шазел ), за сценарио (повторно Шазел), за оригинална музика и за оригинална песна ( “City of Stars”).

Настанот се одржа завчера вечерта во култниот хотел “The Beverly Hilton” во Беверли Хилс, Калифорнија.

36-годишниот Рајан ја посвети победата на својата партнерка и мајка на неговите две ќерки Есмералда и Амадо – Ева Мендес, како и на покојниот нејзин брат, кој неодамна почина од рак.

Тоа беше првиот “Златен глобус” за Гослинг, но тој одлучи да го стави фокусот не врз себе, туку на своите најблиски и драги луѓе.

Талентираниот актер изјави: “Би сакал да се обидам да се заблагодарам на еден посебен човек и да кажам дека додека јас пеев, танцував и свирев на пијано, кое беше едно од моите најдобри искуства, поврзано со филмот, една дама ја повиваше поголемата наша ќерка, беше бремена со втората  ќерка, а во исто време се грижеше за својот брат, кој се бореше со ракот. Ова искуство ме промени сигурно. Значи срце, ти благодарам! ”

И додека повеќемината беа разнежнети и воодушевени од неговиот излив на љубов и благодарност, кусо потоа се појавија и првите критики дека Рајан е шовинист. Според дел од публиката тој всушност јавно ја поддржал позицијата на жената како домаќинка во семејството, додека сопругот ја гради сопствената кариера.

Фото: splashnews.com

Трагикомедијата “Ла Ла Ленд” раскажува за љубовната приказна на џез пијанист и млада актерка. “Ова е филм за сонувачи и мислам дека надежта и креативноста се две од најважните работи во светот”, изјави Ема Стоун, која пак го посвети трофејот на сите креативни луѓе, кои понекогаш имаат чувство дека “вратата и треска пред носот, но потоа наоѓаат сили во себе, за да продолжат понатаму “.

Меѓу другите победници на вечерта беа филмот ” Месечината “, кој доби “Златен глобус” во категоријата драма.

Братот на Бен – Кејси Афлек зеде “Златен глобус” за најдобар актер во драмата “Манчестер до морето”.

Со награда за најдобра актерка во филмската драма беше удостоена Французинката Изабел Јупер за филмот “Таа”, а истата лента на холандскиот режисер Пол Верховен, зеде награда и за најдобар странски филм.

Наградата за најдобар актер во споредна улога отиде кај Британецот Арон Тејлор-Џонсон за “предатори во темнината”. Со “Златен глобус” за најдобра актерка во споредна улога беше удостоена Американката Вајола Дејвис за “Огради”.

Најдобар анимиран филм стана “Зоотрополис”. Мерил Стрип го доби својот почесен “Златен глобус” .

Во телевизиските категории наградата за најдобра комедија беше доделена на серијата “Атланта”, а “Корона” зеде “Златен глобус” за најдобра драма.

Признанието за најдобар телевизиски филм / минисерија отиде кај “Народот против О. Џ .: Американска криминална историја”.

Екс дечкото на Taylor Swift – Том Хидлстон и Хју Лори пак зедоа награди за најдобар актер и најдобра машка улога за серијата “Ноќниот менаџер”.

Фото: splashnews.com

Слични содржини