Раководителот во УБК од компјутер во канцеларија ги слушал телефонските разговори на функционери, новинари и граѓани

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е на чекор да утврди дека во периодот од 2008 до 2015 година илјадници граѓани биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која цело време беше под раководство на еден директор, Сашо Мијалков, информира sdk.mm.

katica-fatime-lence-5545456

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е на чекор да утврди дека во периодот од 2008 до 2015 година илјадници граѓани биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која цело време беше под раководство на еден директор, Сашо Мијалков. На денешната прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, која ја води оваа истрага под име „Таргет“, и на обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, беше кажано дека од неодамна земената архива од третиот систем за следење на комуникациите, кој сѐ уште се користи во УБК, утврдено е дека незаконското прислушување продолжило и по објавувањето на аферата со прислушувањето од лидерот на опозицијата Зоран Заев, но и во текот на 2016.

СЈО отвори истражна постапка со кодно име „Таргет“ против десет лица од УБК кои се сомничат дека незаконски прислушувале 5.827 телефонски броеви.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини