Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Брегзит не ја разниша одлуката на Албанија за влез во Европска унија, а мигрантската криза ја нарече „срамота за цела Европа“.

Рама, како што пренесува Танјуг, во интервју за АФП, посочи дека референдумот за Брегзит е „најголем шок за 28-члениот блок“ и го нагласи значењето на ЕУ за мирот и стабилноста на Балканот.

– Во мојот регион има и понатаму нешто што некако се изгуби во поголем број развиени земји, а тоа е вистинското значење на Европа како проект на мирот, безбедноста и развојот, посочи Рама.

Тој предупреди дека на „ЕУ и се неопходни промени во системот за раководење со блокот по Брегзит, инаку постои опасност од излегување на земјите што не може да има поволни последици“.

Рама, во интервјуто пред самитот на земјите од Западен Балкан во Париз, ги спомна „тешките прашања“ со кои се соочува Балканот како одбивањето на Белград да ја признае независноста на Косово, македонската политичка криза и ровкоста на Босна и Херцеговина.

Тој истакна дека промените во секоја од балканските земји е поврзано со едноставниот факт дека Балканот сака да биде дел од Европа.

Албанскиот премиер се осврна и на мигрантската криза, која ја оцени како „срам за цела Европа, вклучувајќи ги државите кои се оградија од овој проблем под изговор дека не се географски погодени“.

– Албанија од самиот почеток беше подготвена да преземе одговорност и да прими одреден број мигранти сразмерно големината на државата и европскиот план за распределба, посочи Рама.

Албанија е кандидат за членство во ЕУ од средината на 2014 година, а Рама оцени дека неговата земја ќе стане членка „доколку Унијата би постоела на денот кога Албанија ќе биде подготвена за членство“./извор а1он

Слични содржини