Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека со постигнатиот на преговорите во Лозана рамковен договор за иранската нуклеарна програма ќе се отвори патот кон мирот и стабилноста на Блискиот Исток, пренесе Франс прес.

0000259389-article2

“Едно сеопфатно, договорено решение за проблемот со иранската нуклеарна програма ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и ќе им овозможи на сите земји итно да соработуваат во борбата со многу сериозни предизвици во безбедноста, со кои се соочуваат”, се вели во соопштението на Бан.

Постигнатиот денес во Лозана политички рамковен договор меѓу Иран и земјите од групата 5 + 1 (САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија) е основна фаза на патот кон потпишувањето на конечниот договор најдоцна до 30 јуни, потсетува АФП.

Бан истакна дека со постигнатиот рамковен договор ќе се ограничи суштинско иранската нуклеарна програма и ќе доведе до откажување на сите меѓународни санкции против Техеран. ОН усвои четири групи санкции против Иран поради неговата нуклеарна активност. Бан истакна дека потребите на Иран ќе бидат исполнети во рамките на овој договор, а истовремено ќе се дадат гаранции на меѓународната заедница дека нуклеарните активности на Техеран се со граѓанска цел.

Според првите откриени елементи од договорот, капацитетот на Иран да збогатува ураниум ќе треба да биде намален. Иран ќе мора да остане со 6000 оперативни нуклеарни центрифуги спрема сегашните 10 000.

Склучениот вчера рамковен нуклеарен договор со Иран и шестте големи сили е солидна основа за иден конечен договор што може да стави крај на 12-годишниот нуклеарен спор меѓу Техеран и Западот, изјави државниот секретар на САД Џон Кери, цитиран од Ројтерс и Франс прес.

Иран прифаќа да ја ограничи значително нуклеарна програма, за да нема можност да се здобие со атомска бомба, посочи Кери. Количините ураниум ќе бидат намалени за 98 проценти во период од 15 години, подземната инсталација во Форд ќе биде трансформирана и таму повеќе нема да се збогатува ураниум, а реакторот со тешка вода во Арак исто така ќе биде модифициран за да не произведува плутониум, појасни американскиот прв дипломат.

Кери додаде дека САД остануваат силно вознемирени од дестабилизирачките активности на Иран во регионот и токму затоа го сметаат нуклеарниот договор за критично важен. Тој истакна дека укинувањето на санкциите против Иран ќе зависи од неговото почитување на условите за договорите.

“Ќе ги олесниме етапно санкциите кои се одразиле на економијата на Иран. Ако во кој и да е момент сфатиме дека Иран не го почитува овој договор, санкциите може да бидат вратени”, рече Кери.

Тој рече дека Вашингтон се консултирал со Израел и арапските сојузници во Заливот и потврдил дека САД остануваат посветени на нивната безбедност. “Ќе продолжиме да го почитуваме овој ангажман во следните години”, истакна Кери.

Претседателот на САД Барак Обама се јави по телефон на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да разговара за постигнатото вчера во Лозана за иранската нуклеарна програма, пренесоа агенциите.

Обама му рекол на Нетанјаху дека договорот е значителен напредок кон трајно решение за сечење на сите патишта на Иран кон здобивање со нуклеарно оружје, се вели во соопштението на Белата куќа.

Обама исто така изјавил дека напредокот во нуклеарната област не ја намалува загриженоста за “спонзорирањето на тероризмот од Иран и заканите кон Израел”, и потврдил “непоколеблива посветеност” на САД да ја заштитат еврејската држава.

Во разговорот Нетанјаху му изјави на Обама дека ако биде применета, времената спогодба за иранската нуклеарна програма ќе ја загрози безбедноста на Израел, напиша на Твитер портпаролот на Нетанјаху Марк Регев, пренесе Франс прес. Тој додаде дека договорот ќего доведе Иран до здобие вањесо нуклеарно оружје и ризици од “ужасна војна”.
Според Нетанјаху овој договор ќеја легитимира иранската нуклеарна програма и ќе ги зголеми иранската “агресија и терор”, пренесоа американските медиуми.

Русија исто така ги поздрави постигнатиот вчера во Лозана рамковен договор со Иран, што според неа е признание на “безусловното право” на Техеран да развива цивилна нуклеарна програма, пренесоа агенциите.

“Во овој договор се содржани формулираните од рускиот претседател Владимир Путин принципи на безусловно право на Иран да развива нуклеарна програма со мирољубиви цели”, го изрази задоволството руското Министерство за надворешни работи во соопштението. Ова право според Москва ги вклучува “активностите за збогатување на ураниум под меѓународна контрола и поништување на сите постоечки санкции против Иран”.

“Нема никакво сомневање дека договорот за иранската нуклеарна програма ќе се одрази позитивно на безбедносната ситуација на Блискиот Исток, вклучувајќи преку фактот дека Иран ќе биде во можност да учествува поактивно во решавањето на голем број проблеми и конфликти во регионот”, смета руското МНР.

Во соопштението се наведува дека претстои “тешка работа на експертите” за изготвување на техничките норми на договорот. Крајниот рок за постигнување на конечен детален и Пошироко нуклеарен договор со Иран е 30 јуни, а по него допрва ќе се водат нови преговори меѓу Техеран и земјите од групата 5 + 1 (САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија), забележува АФП.

Слични содржини