policijaibrzapomos

На 02.05.2016 година во 22.55 часот во Скопје на ул. „Козле“бб, во тобако сопственост на З.Р. (46) од с.Трубарево, скопско, две непознати вооружени лица извршиле разбојништво над вработената. Сторителите дошле до шалтерското прозорче и со закана со пиштол побарале пари. Откако вработената им дала околу 7.000 денари сторителите се оддалечиле во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 02.05.2016 година во 10.00 часот во ПО-Петровец, Г.О. (51) од Скопје пријавила дека во периодот од 15.04.2016 година до 02.05.2016 година на гробиштата во Катлановско Блаце непознат сторител извршил сквернавење на гробот на нејзините родители. Сторителот со употреба на погоден алат ја тргнал надгробната плоча и ископал околу 1,5 кубици земја. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Ослободија од затвор рускиот хакер кој ја напаѓал НАСА

На 02.05.2016 година околу 06.30 часот на магистралниот пат Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода во која В.Ј. (26) од Скопје, управувајќи ПМВ „Фиат Стило“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот. Од здобиените повреди В.Ј. починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.  Истите по укажаната медицинска помош во  ЈЗУ Ресен, се префрлени во КБ-Битола. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

На 02.05.2016 година во 21.15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу Автобус „Темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ж.Б.(55) од Прилеп, и ПМВ „Рено 18“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е. (54) од Градско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на ПМВ „Рено 18“, кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Кавадарци, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар-Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило С.Р. (32) и У.И., двајцата од Прилеп. Истите по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Кавадарци се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кавадарци.

 

 

 

Слични содржини