вмро дпмне

Зоран Заев сака да ја излаже целокупната јавност, и Македонците и Албанците, и Турците и Србите и Ромите и Бошњаците и Власите, дека се грижи за нив, а всушност се што сака да направи е да се спаси себеси од криминалите кои стојат зад него и зад неговата фамилија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ на која беа објавени прислушувани разговори од функционери на ДУИ.

Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ оценува дека целта на лидерот на СДСМ е да направи хаос со цел да дојде на власт без избори и да се заштити себеси од последиците од, како што се вели, неговото коруптивно однесување.

– Граѓаните јасно му дадоа до знаење дека не поддржуваат вакво нелегално и деструктивно сценарио. Граѓаните сакаат стабилна држава, економски прогрес, нови фабрики и нови работни места, се вели во реакцијата и се додава дека крајот на политичката кариера на Заев ќе се случи на следните избори кога ќе доживее пораз. /МИА

Слични содржини