Екипата на Реал Сосиедад успеа да оствари нова победа откако на последниот натпревар од 27.коло од Примера го совлада Хетафе на гостувањето со 1:0.

real-sociedad

Ова за Реал Сосиедад беше трета победа на последните четири натпревари и се проби на 10.место на табелата.

Стрелец на единствениот гол беше Ињиго Мартинез во 66.минута.

На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Реал Мадрид – Леванте 2:0, Севиља – Елче 3:0, Малага – Кордоба 2:0, Алмерија – Виљареал 0:0, Селта – Атлетик Билбао 1:2, Рајо Ваљекано – Гранада 3:1, Еибар – Барселона 0:2, Еспањол – Атлетико Мадрид 0:0 и Валенсија – Депортиво 2:0.

Табела: Барселона 65 бодови, Реал Мадрид 64, Валенсија 57, Атлетико Мадрид 56, Севиља 52, Виљареал 49/МИА

Слични содржини