[РЕЦЕПТ] Џем од тиква

од Vladimir Zorba

Состојки:
750 г варена тиква (околу два пати посурова)
700 г кафеав шеќер
70 мл вода
сокот на 1/2 лимонa98b0c0bc884b2151f0b6f2155fdeaed

Подготовка:
Измијте ја тиквата и отстранете ја кората. Отстранете  ги семките и јадрото, исечете на мали парчиња и варете до омекнување. Потоа исцедете и оставете да се излади. Вратете и додадете го шеќерот кон неа.
Оставете да отстои околу еден час, а потоа додадете вода. Штом ќе зоврие ставете и сок од лимон. Варете 5 минути и ставете го џемот во тегли, кои претходно сте ги ставиле во рерна загреана на 100 степени.
Затворете ги цврсто теглите и ставете ги свртени на назад до нивното целосно ладење.

Слични содржини