Драган Тричковски, Раденко Славковски, Диме Ацевски , Горан Накевски татковците на четирите момчиња убиени кај Смилковско Езеро, бараат од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, да ја објави вистината за Смилковско Езеро, објави Телма.

machkich_2

„Во пораките мислиме дека стои и Али Ахмети“, рекоа неутешните татковци за телевизија Телма и додадоа дека сметаат дека мотив за убиството се и бизнис-интереси, на „функционери од ДУИ“.

Накевски зборуваше и за телефонските пораки кои се дел од судскиот предмет во кој им се судеше на седумина за убиството и беа изречени шест доживотни затворски казни. Но, никогаш на судењето не се прочитаа пораки од кодирани телефонски броеви. Токму во нив, роднините на момчињата се сомневаат дека се кријат оние кои ја знаат вистината.

 

Слични содржини