Роднини на Бан Ки-мун обвинети за мито

од Vladimir Zorba

 

Двајца членови на фамилијата на поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун се обвинети пред американски федерален суд за намера да подмитат блискоисточен функционер во врска со продажба на комплекс згради во Виетнам за 800 милиони долари.

Обвинети се Џу Хју „Денис“ Бан, трговец со недвижнини од Њујорк и неговиот татко Бан Ки-санг кој бил директор во јужнокорејска градежна фирма Кеангнам. Се работи за внук и брат на поранешниот прв човек на ОН.

„Денис“ е уапсен и чека да се појави пред суд, додека Ки-санг не е уапсен, но е обвинет.

Денис наводно понудил мито од половина милион долари на шеф на блискоисточен инвестициски фонд ако ги купи недвижностите во Виетнам.

До исплатата на митото на оној кому му било наменето не дошло бидејќи парите го зел посредникот во таа зделка, Малколм Херис кој исто така е обвинет.

Слични содржини