РСЕ: Што ќе донесе Хан во дипломатската папка?

од desk2

Во пресрет на утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан, тивко и денеска продолжуваат внатрешните консултации за можен договор меѓу СДСМ и ДУИ околу прашањето за мнозинство во парламентот, информира РСЕ.


Внатрепартиските консултации и денеска продолжуваат за конкретизирање на преговарачките позиции и можен договор меѓу СДСМ и ДУИ, велат од СДСМ. Од двете партии се уште не прецизираат кога ќе биде следниот состанок, ниту дали се блиску до некаков договор.

Аналитичарите очекуваат интензивирање на внатрепартиските разговори пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан кој на маргините на министерскиот состанок за енергетика, ќе одржи и одвоени средби со лидерите на политичките партии кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека посетата на Хан ќе служи за укажување дека е потребно што е можно побрзо да се направи влада, без при тоа да сугерира како политичарите да го изведат тоа.

„Верувам дека партиите ќе го чекаат крајниот рок за да се договорат, а од друга страна верувам дека Хан ќе придонесе за нивниот договор. Не верувам дека тој ќе сугерира кој со кого да коалицира, но мислам дека може да инсистира на што поширока влада, затоа што сите фази од Пржинскиот договор до сега тешко одеа, “ вели Демири.

Тој објаснува дека, според него, широка влада не подразбира и учество на ВМРО-ДПМНЕ во неа.

„Сега дали е можна широка коалиција и со ВМРО-ДПМНЕ, јас мислам дека не е можно, затоа што оваа влада што до вчера функционираше се обиде да направи еден таков исчекор, но тоа не се оствари“ вели Демири.

Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска не коментираат за нивните очекувања во врска со утрешната средба со Хан. Во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ по средбата на лидерот на партијата Никола Груевски со турската амбасадорка во Скопје Еркал Кара, ги демантираат тврдењата во јавноста дека причина за несогласуваата со ДУИ биле барањата околу СЈО.

„При тоа беше нагласено дека не е точно оти тоа беше причината за непостигнување на договор за коалицирање на ДУИ, иако очигледно е дека на ДУИ и одговара така да ја претстави работата. Во реалноста всушност освен што на почетокот се констатира дека по ова прашање имаме различни позиции, над 95 отсто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците, каде беа и главните разлики“ се наведува во партиското соопштение.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини