Русија остро ги отфрли американските критики за нејзините воздушни напади во Сирија и ги потсети САД дека ги поддржала по терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.ruski-voen-avion0278-685x320

Москва повторно ја осуди западната пропаганда, што според неа ги извртува целите на руската интервенција во Сирија. Кремљ нагласи дека основна цел на интервенцијата е да помогне на претседателот Башар ал Асад во борбата против ИД, додека САД и Западот ја обвинуваат Русија дека го поддржува Асад и врши напади врз други умерени групи во Сирија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потсети на реакцијата на Кремљ по 11 септември 2001 година, истовремено отфрлајќи го ставот на САД за руската операција во Сирија.

– Сакаме да нагласиме дека по нападите на 11 септември ние ја почитувавме болката на САД, како наша болка, разбирајќи што е тероризмот, изјави Загарова, додавајќи дека Русија ги поддржала САД на секој можен начин, вклучително во СБ на ОН и помогнала во борбата против тероризмот. Захарова нагласи дека Русија тогаш не прашувала дали терористите се добри или лоши.

Слични содржини