Најпопуларното прашање кон Владимир Путин поставено оваа година е економско, станува јасно од објавени податоци на сајтот “Директна линија со Путин”. Како што веќе беше најавено, рускиот претседател ќе одговара на прашања на граѓаните на Русија на 16 април.Најчесто го прашуваат Путин зошто доларот поевтинува во последно време, но храната во продавниците останува на истите високи нивоа како пред девалвацијата на рубљата од пред неколку месеци.

20150413.rzjrfkqtuy

Има и многу прашања поврзани со помошта која Владата може да ја покаже на Русите кои зеле кредит во валута за купување на сопствено живеалиште. Станува јасно дека луѓето молат да ги исплаќаат овие долгови со курсот на американскиот долар пред обезвреднување на руската рубља.

Доста се и прашањата поврзани со проценката на Владимир Путин за состојбата на руската економија во услови на санкции од страна на Европската унија и САД и веројатноста земјата да се откаже од американската валута за своите надворешно трговски операции.

Од политичките прашања најмногу се оние под кои услови Русија ќе ја признае независноста на двете самопрогласени републики на територијата на Украина – Донецк и Луганск.

Русите сакаат да знаат уште и што е причината за руската великодушност при најавените попусти на цената на природниот гас за Украина и го изразуваат своето разочарување од влошените односи меѓу Москва и Балтичките републики.

Слични содржини