САД и Русија објавија мировен план за Сирија

од Vladimir Zorba

Прес конференцијата на Џон Кери и Сергеј Лавров.

5058584

САД и Русија договорија мировен план за сириското регулирање, изјави државниот секретар на САД Џон Кери во Женева меѓу преговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. “САД и Русија прогласуваат  план кој се надеваме дека ќе го запре страдањето во Сирија и ќе обезбеди транзиција кон политички процес”, истакна Кери. Според него се предвидува да бидат исклучок воздушните напади во оние области во Сирија, каде што се наоѓаат опозициските сили. “САД и Русија повикуваат кон сите земји да преземат ангажман за запирање на воените дејствија. Има јасен рок до  00:00 часа 12 септември”, истакна уште државниот секретар на САД.

Според него, ако прекинот на огнот се задржи една недела, двете страни ќе преземат координирани воени дејства против терористите во Сирија. Потребно е режимот за прекин на огнот да се прошири и за  Алепо, инаку ќе пропадне договорот меѓу САД и Русија за Сирија, истакна Кери. “Станува збор за создавање што е можно побрзо на демилитаризирана зона, за да бидат обновени таму хуманитарните операции”, појасни тој. Според него се предвидува да бидат исклучок  на воздушни напади во оние области во Сирија, каде што се наоѓаат опозициските сили

5058586Според него спроведувањето на договорот меѓу САД и Русија за Сирија зависи и од Дамаск, и од сириската опозиција. Кери наведе дека “процесот на одвојување на сила во Сирија и терористички групи ќе се одвива под раководство на стручни совети, кој ќе дејствува и за почитувањето на прекинот на огнот.” Џон Кери изрази благодарност до Русија за работата на сириското регулирање. Воздухопловство на Русија и САД ќе вршат усогласени удари против терористите, најави од своја страна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. “Ние имаме усогласени областите во кои таквите удари ќе бидат координирани. И во овие области ќе работат само воздушните сили на Русија и САД “, додаде тој.

Според него Русија и САД  усогласиле пет документот за Сирија, сите тие создаваат услови за продолжување на политичкиот процес. Сепак, тие ќе останат тајни  поради чувствителноста на информацијата, појасни Лавров. “Не сакаме тоа да  падне во рацете на оние кои најверојатно ќе се обидат даго спречат  спроведувањето на мерките предвидени како во рамките на хуманитарните снабдување, така и во другите делови од нашите аранжмани”, објасни рускиот министер за надворешни работи.

Првиот чекор за реализација на договореното ќе биде запирање на огнот, првично за 48 часа. Механизмите за реагирање на нарушувањата на примирјето ќе започнат со работа уште од 12 септември, понеделник, кога тоа треба да влезе во сила. Според Лавров режимот за прекин на огнот треба да покаже стабилноста во текот на една недела. Рускиот министер за надворешни работи истакна дека разграничувањето на терористите од умерената опозиција е зачување на клучниот  приоритет во договорот на Русија и САД за Сирија. Двете страни ќе создадат посебен центар со учество на воени и разузнавачи за разграничувањето на силите во Сирија и усогласување на ударите против терористичките групи “Исламска држава” и “Џебхат ан-Нусра”. / ТАСС

Слични содржини