Грција треба да остане во еврозоната, исполнувајќи структурни реформи. Со оваа теза заврши дискусијата на самитот на ЕУ за проблемот со спасувањето на Грција од банкрот. Средбата сепак не усвои никакви практични решенија по ова прашање.  Следното вонредна седница на Еврогрупата ќе се одржи утре.

655-402-a

Претседателот на Еврогрупата и нејзините членови – Министрите за финансии од еврозоната, кои одржаа серија разговори пред самитот на ЕУ, констатирале дека меѓу Грција и доверителите остануваат сериозни  во несогласувањата.

Преговорите продолжуваат на техничко ниво. 

“Денес на седницата на Еврогрупата институциите ни дадоа информации за последните предлози на Грција, по голем број положби од кои остануваат сериозни несогласувања. Еврогрупата најверојатно повторно ќе биде свикана во саботата, 27 јуни, за да направи заклучоци “, се вели во соопштението на Дејселблум објавено во Брисел.

Според него доверителите допрва ќе треба да направат проценка на последните предлози од грчката влада, кои биле добиени премногу доцна вчера, буквално пред почетокот на седницата.

“Во меѓувреме вратата останува отворена за грчките власти да го прифатат предлозите доставени од институциите”, истакна Дејселблум.

Премиерот на Ирска Енда Кени, изрази надеж дека договор меѓу Грција и кредиторите може да биде постигнат во претстојниот викенд – 27 и 28 јуни.