СДСМ во соопштение до медиумите наведува дека „денешната атмосфера на народниот митинг во Прилеп говори за тонењето на власта“.

„Вистината за Македонија одекна низ целата земја. Граѓаните масовно се вклучуваат во враќањето на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.

Камерната атмосфера во малата спортска сала во Прилеп најдобро го отсликува тонењето на Никола Груевски.

Дури и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, принудени да присуствуваат, непријатно се чувствуваат кога слушаат некакви говори коишто пополека но сигурно наликуваат на говори со кои Груевски се простува од своето членството“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини