СДСМ денеска повторно ги повика Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, да ја прифатат реалноста дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.

– Целата домашна и меѓународна јавност знае и гледа дека постои само еден документ – Програма на новата реформска Влада, којашто гарантира унитарна и суверена Република Македонија и обезбедува конкретни мерки за сите клучни потреби на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, институциите на системот мора веднаш да се формираат и државата да профункционира според мнозинска волја и потребите на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ

Слични содржини