Евроамбасадорот Аиво Орав се уште не е вратен во земјава е во Брисел и се уште не е јасно кога и во каква форма ќе биде објавена проценката.

Тој пред два дена изјави дека од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино.

Како што денеска јави Либертас, извештајот на делегацијата на ЕУ во Скопје и амбасадата на САД, со извршената проценка и евалуација на условите за оддржување на предвремени избори на 24 април, согласно Договорот од Пржино, е испратен во Брисел кај комесарот Јоханес Хан

orav bejli

Како што вели за Либертас висок дипломатски извор кој инсистира на анонимност, извештајот е скоро затворен, а во него детално се нотира исполнувањето на критериумите кои се однесуваат дали во државата се обезбедни минимум предуслови за оддржување на кредибилни, фер и демократски избори на 24 април, според Договорот од Пржино.

Странските претставници извршиле детални проценки на процесот и сите предуслови, а особено оние кои се осврнуваат на работата на ДИК, регулирањето на состојбата во медиумите и одвојувањето на партијата од државата.

Ванхауте пак им твитна: Демократијата бара здрав разум!

Според проценките, државните институции не создале доволни и конкретни напори за да обезбедат минимум предуслови во насока на оддржување на кредибилни избори, како и тоа дека времето потребно на извршување на истите за поголем дел од нив сега веќе е недоволно до 24 април. Амбасадорите на ЕУ и САД не добиле ниту силни уверувња и гаранции од страна на Државната изборна комисија во врска со Избирачкиот список и неговото прочистување.

САД и ЕУ поединечно ги нотирале сите неисполени или недоволно обезбедени услови предмет на нивната евалуација, а кои на 25 јануари му соопштија дека ќе бидат предмет на оценки на техничкиот премиер Емил Димитриев. Според извршената евалуација, не се вложени ниту доволно напори за одвојување на државата од партијата, при што се нотира дека одредени високи партиски претставници и понатаму делуваат како да се дел од извршната власт, а таа одвоеност и понатаму е недовлно изразена и јасна.

Амбасадите на САД и ЕУ нотирале дека во медиумите од 25 јануари до сега се направени незначителни промени во насока на потребните медиумски реформи, како избалансирано известување и нормализирање на јавниот дискурс, а поради тоа што рокот се уште не е истечен се остава простор за постигнување на договор меѓу четирите партии и донесување на ново законско решение за медиумите, пред соопштувањето на Извештајот, кое се најавува за утре попладне.

Изворите на Либертас потенцираат дека странските гарантори на Договорот во извештајот ќе препорачаат дека не се обезбедени услови за одржување на кредибилни и фер услови за оддржување на изборите на 24 април, но и тоа дека во извештајот тие нема да се калкулира со нов датум кога изборите би требало да се одржат, туку одлуката за нов датум ќе им биде препуштена на четирите политички партии и Парламентот.  /.Libertas

Слични содржини