Продолжуваат протестите во средните училишта против новиот модел на државна матура кој предвидува полагање на математика како задолжителен предмет-информира ТВ 24 Вести.

105547

Денеска покрај учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ кои втор ден се собраа во дворот на училиштето, на мирен протест помеѓу двете смени излегоа и учениците од гимназијата „Никола Карев„ и градежното училиште „Здравко Цветковски“.

Тие бараат изземање на математиката како задолжителен предмет и враќање на стариот модел на државна матура.

Учениците веќе поднеле писмени барања до Министерството за образование за изземање на математиката од државната матура и укинување на екстерното тестирање. Велат од одговорите на надлежните ќе зависи дали и како ќе ги продолжат протестите.

Повеќе ТУКА

Слични содржини