Селин Дион го направи своето деби на „Мет Гала“ годинава

од Vladimir Zorba

Оваа година Селин Дион присуствуваше за прв пат на хуманитарната и исклучително гламурозна модна гала вечера – “Мет Гала”, која се одржа вчера вечерта во “Метрополитен опера”. 49-годишната музичка легенда не ја криеше возбудата од тоа да присуствува на настанот, за што некои се подготвуваат цела година.

При тоа како придружник на италијанската дизајнерка Донатела Версаче, чие дело е екстравагантниот фустан во црна и сребрена боја со која пејачката дебитираше на црвениот тепих.

“Кога ќе одиш за првпат на работа или бакнуваш некого за прв пат – спектакуларно е. Не мислам дека погледот  ќе успее да ми опфати сè”, изјави таа за чувството да се присуствува на сјајната вечера.

Слични содржини