Веста за разделбата и разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли веќе е стара за медиумите, но не и за нивните деца. 11-годишната Шајло не го видела насамо татко ѝ веќе 329 дена – од “инцидентот” во авионот меѓу актерот и Медокс, за кој се тврди дека станал причина за разводот на ѕвездите.

На Пит му беше забрането да се гледа насамо со своите деца и изгледа тоа најлошо го прифаќа малата Шајло која му плаче тајно по телефон на тато колку многу сака да преноќи кај него, информира RadarOnline.

“Шајло не е истото дете откако Бред и Енџи се разделија. Таа не разбира зошто тој не може да присуствува на семејните нивни патувања како тоа во Дизниленд.

Пит ги гледа децата секоја недела, но навистина му недостасуваат скриените средби со Шај.

Таа е најслична на него, најмногу комплексна и сензитивна е. Врската им е нераскинлива и тоа што се поделени, ги уништува. Недостасува и читањето на приказните од Бред, па двајцата имаат тајни Скајп разговори среде ноќ. Таа ја моли мајка си да ѝ овозможи да преноќи кај татка си, но засега Енџи, која има целосно старателство над децата, не дозволува “, откри извор за медиумот.

Џоли и Пит се родители на Медокс (16), Пакс (13), Захара (12) и близнаците Кнокс и Вивиен (9).