„Шарената револуција“ денеска во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство ќе протестира бидејќи, како што велат, СЈО е под закана, а сè уште трае и прогонот против демонстрантите.

protest-sreda

„Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните, да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите сè уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични пријави. СЈО сè уште е под закана! Демонстрантите сè уште се под закана! Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност“, велат од „Шарената револуција“.

Од граѓанското движење за утре во 12 часот најавија блокади на три мостови – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза.

 

META

Слични содржини