„Шарената револуција“ и нејзините поддржувачи денеска, во 19 часот, ќе излезат на нов протест, кој ќе почне пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Во најавата за протестот, објавена на официјален фејсбук-профил на „Шарената револуција“, се вели дека тие ја продолжуваат борбата за остварување на нивите барања и дека се „вклучуваат во решавањето на кризата“.

sarena_revolucija_maicka

„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Протестирам со „Шарена револуција“ в понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да поминува пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, стои во најавата за протестот.

Владимир Глигоров:Аболицијата на Иванов е капак на демократскиот имиџ

Последниот протест организиран од активистите и од поддржувачите на граѓанското движење „Потестирам“ и на „Шарената револуција“ се одржа во понеделникот минатата недела. Овој протест беше еден од најмасовните досега и на него учествуваа неколку десетици илјади граѓани.

 

МЕТА

Слични содржини