Мохамед Далее се закануваат дека ќе прави операција  за “мачеништвото” во Ансбах1469508274-anssd

“Исламска држава” шири видео на кое тврди дека е снимен напаѓачот од Ансбах и заканата самоубиствен напад. Видеото  започнува со натпис дека ќе зборува Мохамед Далее. На кадрите се гледа маж кој го покрил лицето со црна шамија, пренесува “Мирор”.
Мажот ја искажува  својата верност кон лидерот на ИД , Абу Бакр ал-Багдади и дека има намера да изврши операција  на “мачеништвото” во баварскиот град.

Кредибилитетот на видеото не ма како да биде потврдена, но се шири од новинската агенција на “Исламска држава”.

 

Како што вчера локално.мк соопшти, истражните откриле во лаптопот на 27-годишниот Сириец клипови поврзани со “Исламска држава”, и инструкции за правење бомба. Во неговиот мобилен телефон е најдено видео во кое тој се колне во верност на лидерот на Абу Бакр ал-Багдади.

Многу докази зборуваат за исламистички карактер на делото, објави министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман.

1469508248-andwe
Сириецот се регистрирал прво во Бугарија и бил  подготвуван за  депортации . Тој не бил депортиран за Бугарија поради “психичката му нестабилност”, изјави вчера министерот за внатрешни работи на Германија Де Мезиер.

Слични содржини