Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп претставува закана за американската и светската безбедност поради својата „политика на страв и изолација“, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.трампо

Тој во интервју за Ројтерс, чии делови пренесува Танјуг, вели дека е загрижен поради, како што рече двосмилените ветувања на Трамп дека „Америка повторно ќе ја направи силна“, додека истовремено најавува дека ќе го намали бројот на војниците стационирани во странство.

– Тое е контрадикторно и ме загрижува, рече Штајнмајер, кој наскоро треба да отпатува во Вашингтон на состанок со други министри за надворешни работи и одбрана на тема американските напори во борба против групата Исламска држава.

– Политиката на страв и изолација ќе донесе помалку, а не повеќе безбедност и ќе биде опасна не само за САД, туку и за Европа, како и за остатокот од светот, нагласи шефот на германската дипломатија.

Штајнмајер, кој е социјалдемократ, веќе со месеци го критикува Трамп поради неговиот говор „Прво Америка“ и има пофални зборови за кандидатот на демократите Хилари Клинтон, нарекувајќи ја искусен експерт за надворешна политика.

Слични содржини