Шулц: Социјалдемократите нема да учествуваат во широка коалиција со Меркел

од desk2

Лидерот на Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Мартин Шулц синоќа потврди дека неговата партија нема да учествува во нова широка коалиција со блокот на Христијанско демократската унија и Христијанско социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ).

– Избирачите ја отфрлија широката коалиција, изјави Шулц на регионална партиска конференција во Нирнберг, пред да биде објавено дека не успеаја преговорите за формирање на т.н. „Јамајка“ коалиција меѓу ЦДУ/ЦСУ, Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените.

Шулц во петокот рече дека ако преговорите не успеат, треба да се одржат нови избори.

По парламентарните избори во Германија на 24 септември, СПД, која сега е дел од големата колаиицја со ЦДУ/ЦСУ, соопшти дека ќе премине во опозиција.

Слични содржини