Шведска се откажа од истрагата против Асанж

од Vladimir Zorba

Директорот на шведското јавно обвинителство одлучи да се откаже од истрагата за случаите за наводно силување за кое беше осомничен директорот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, јавува „Би-би-си“.

Одлуката доаѓа во пресрет на испитувањата на барањето на адвокатот на Асанж доставено до судот во Стокхолм, Шведска да ги повлече европските налози за апсење.

Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор, обидувајќи се да избегне екстрадиција во Шведска. Тој стравува дека шведските власти би можеле да го испорачаат на САД, каде го очекува судење бидејќи „Викиликс“ објави илјадници тајни американски воени и дипломатски документи./META

Слични содржини